4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Трагедија во Македонија: Тешка сообраќајка со починати

Триесет годишен кочанец го загуби животот во сообраќајна несреќа која вчера во 15 часот и 50 минути се случила на магистралниот пат Македонска Каменица-Кочани во близина на браната “Калиманци“.

Од полицијата информираат дека сообраќајната незгода се случила помеѓу товарно моторно возило „Мерцедес Актрос“ со бугарски национални ознаки, управувано од 60- годишниот В.М од Бугарија и патничко моторно возило „Опел Аскона“ без регистерски ознаки, управувано од 30- годишниот Б.В од Кочани.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.В., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Кочани од каде како итен случај бил препратен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, каде во 20 часот и 50 минути им подлегнал на повредите, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Делчево. Во времето од 15:50 до 18:40 часот сообраќајот бил во прекин.