8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Несреќа на Тајланд, се преврте брод со туристи

Тајландските власти соопштија дека 21 лице загина, а по 35 се трага, по бродска несреќа за време на бура.

Бродот кој превезувал 105 лица, вклучувајќи 93 туристи, 11 членови на екипажот и еден водич, потона соноќа кај островот Пукет, кога наиде на бран висок пет метри, наведе „Асошиејтед прес“.

Меѓу загинатите се 10 Кинези, а засега не е познато потеклото на останатите.

Официјалните лица од островот издадоа предупредување за тешки временски услови кои ќе траат до вторник, а ќе бидат проследени со силни дождови и ветрови, што ја отежнува акцијата за спасување на исчезнатите патници.

Вчера уште еден брод се преврте во близина на Пукет, но спасени беа сите 42-ца патници.