9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Го даде животот за да ги спаси децата – последните фотографии од херојот во пештерата

Триесет и осумгодишниот Саман Кунан почина синоќа за време на акцијата за спасување на 12-те деца и нивниот тренер кои со денови се заробени во пештера во Тајланд.

Поранешниот припадник на воената елитна тајландска единица СЕАЛ, вчера доброволно се пријави и влезе во пештерата за да однесе резерви на кислород, но не успеа жив да ја напушти мисијата. По веста за неговата смрт, на социјалните мрежи беа објавени неговите последни фотографии од кобната ноќ, од кои едната групна и на втората сам, непосредно пред да влезе во пештерата.

Децата и нивниот тренер веќе 13 дена се заробени во пештерата.