5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Кривични пријави за велепредавство поднесе ВМРО-ДПМНЕ, против Заев и пратениците

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривични пријави против премиерот Зоран Заев, министерот Никола Димитров, претседателот на Собранието, Талат Џафери, и против сите пратеници кои гласаа за законот за ратификација на договорот со Грција.


Пријавите се за велепредавство, загрозување на независноста, здружување заради непријателска дејност и злоупотреба на службената положба.

-Како што е веќе познато, самиот чин на договорањето и носењето на законот е спротивно на Уставот. Очекуваме Јавното обвинителство и судскиот систем да работат професионално и да ги процесуираат пријавите. Ова се дела кои не застаруваат кога тогаш мора да се сноси одговорноста, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Пратениците од опозицијата денеска не учествуваа на седницата на кој по вторпат беше изгласан законот за ратификација на спогодбата со Грција. Законот беше изгласан со 69 гласа „за“ и еден „воздржан“.

Спонзорирано: