6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

Боинг претстави дизајн на нов хиперсоничен авион: Ќе лета со брзина од 6.500 километри на час

Боинг го откри дизајнот на новиот патнички хиперсоничен авион, кој од Европа до Австралија би можел да стигне за пет часа, а од Лондон до Њујорк за два.

Концептот е претставен на конференцијата American Institute of Aeronautics Aviation 2018 во Атланта, а со него ќе имаат прилика да се запознаат и учесниците на Farnborough Air Show кое се одржува во Велика Британија од 16 до 22 јули.

Авионот ќе може да лета со брзина од 6.500 километри на час, односно пет пати побрзо од брзината на звукот.

Почетокот на работите на овој проект е најавен за 2020 година, но се очекува авионот да биде подготвен за комерцијални летови дури после 20 години.

Големината на леталото би требало да биде поголема од некои планирани суперсонични авиони, но помала од, на пример, Боинг 737.

Спонзорирано: