3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ахмети откри нови детали од времето кога коалицираше со Груевски: Еве што било на маса во 2011-та година

Во 2011 година на средбата меѓу тогашниот македонски премиер Никола Груевски и америсканскиот потпретседател, Џо Бајден се било подготвено за компромис со Грција за името, тврди лидерот на ДУИ, Али Ахмети во вечерашното интервју на Канал 5.

-Преговори имаше постојано и тоа на високи новоа. Во 2011 година се организираше важна посета во САД, средба меѓу премиерот Груевски и Џо Бајден. Целата ситуација беше подготвена работите да завршат со позитивен епилог, се ангажираше Рикер. Искрено, со најголема посветеност се работеше да се најде комприс. Од оваа средба резултитраше тоа што не еочекуваше, Груевски не прифати решение. И тука заврши се, од тој момент. Имаше неколку предлози, меѓу нив и Северна Македонија, беше и Република Демократска Македонија. Имаше резерва од Груевски, а беше важен момент бидејќи се инвестираше многу. Господинот Рикер имаше моќна дебата во Стејтдепартментот и ја увери целата администрија на САД дека во Македонија има решеност да се реши прашањето. Ме праша мене дали сте сиурен дека Груевски е подготвен да се најде решение, и јас му реков дека сум сигурен. Жал ми е што не беше најдена сила од лидер да донесе таква одлука, бидејќи сега ситуацијата ќе беше многу подобра, вели Ахмети.