11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Невреме ја погоди Македонија – еве каде е најкритично

Попладнево пороен дожд и грмежиги погоди регионите во Светиниколско, Штипско и Кочани, а ветер со брзина до 72 километри на час е забележан во Тополчани, информираат метеоролозите.

Нестабилна маса е забележана и во Кривопаланечко и во источниот дел од скопската котлина. Во поголемиот дел од земјата времето е сончево и топло.

До петок ќе преовладува сончево и топло време.

Во петок и за времен на викендот во попладневните часови, претежно во источните и северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално се можни поинтензивни процеси, особено во сабота. Во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени.

Спонзорирано: