5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Законот да ДДВ и Законот за Академијата за судии и јавни обвинители денеска пред министрите во Владата

Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на додадена вредност, како и дополнувањето на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители се меѓу темите кои ќе бидат разгледани на денешната 77. владина седница.

На предлог на Министерството за труд и социјална политика, министрите на седницата ќе го разгледаат и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, како и информацијата за изградба на дневен центар за деца со аутизам.

Пред министрите ќе се најде и информацијата за изградба на пругата Бељаковце – Крива Паланка, за периодот до 15.5.2018 година, соопшти владината прес-служба.

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на денешната седница Владата исто така, ќе ги разгледа предлог-програмите за изменување на програмите за финансиска поддршка во земјоделството, во рибарството и аквакултурата и за поддршка на руралниот развој – сите за тековната, 2018 година.

На 77. седница, како материјал за информирање, Владата ќе го разгледа конечниот извештај на овластениот државен ревизор за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2016 година на Министерството за култура.

Спонзорирано: