9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Времето се менува: Еве што велат синоптичарите

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 8. Дневната температура ќе се движи од 25 до 33 степени.

До петок ќе преовладува сончево и топло време. Утре и во петок во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено на исток и во планинските предели.

За време на викендот на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени.