7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

(Видео) Глигорова: Убиство застарува, но сметка за вода не

Убиство застарува, но сметка за вода не застарува, плаќаме сметки за комунални услуги од пред 20 години, бараме отпис на сите долгови и извршителски и нотарски трошоци, порача Ана Глигорова од здружението „Човекот над профитот“ на денешната јавна расправа за предлог-законот за отпис на камати на долгови.

-Нашиот закон за извршување е препишан од скандинавските држави. Ако во Шведска сметката на граѓанин е илјада евра, евентуално некој многу ретко што не платил, ќе плати 1700 евра, 75% од основицата. Таму нема извршители, тоа е дел од даночните управи. Таму немаат задоцнети сметки за комуналии. Ако некој доцни со наплата, на врата прво доаѓа социјaлната служба, а не извршител. Државата таму не те остава на огромен арач. Овде, колку е застарување, зошто наплаќаме сметки од пред 20 години? Каде бил доверителот целото ова време? Граѓаните се оставаат на добра волја на нотарите и извршителите, рече Глигорова.

Претходно, пратеникот Панчо Минов, еден од предлагачите на законот, ги образложи условите за отпишување камати за наплата на долгови кои произлегуваат од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабелски оператори, одржување на заеднички простории. Со законот, како што рече тој, ќе бидат опфатени оклоу 600 илјади граѓани.

Спонзорирано: