11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Уставните судии в понеделник ќе расправаат дали е уставна амнестијата на затворениците што ја даде власта

В понеделник уставните судии ќе ја разгледуваат иницијативата на адвокатот Сашко Дуковски за испитување на уставноста на Законот за амнестија, кој во февруари годинава го донесе Собранието. Оспорен е целиот член 3 од Законот за амнестија, со кој неколку илјади осудени лица излегоа од затворите, а на еден дел им беше намалена казната.

Според иницијативата на Дуковски, Законот е неуставен бидејќи во него е наведено за кои кривични дела се однесува амнестијата, а за кои не, со што е прекршено уставното начело за еднаквост на граѓаните пред уставот и законите.

Инцијативата се однесува на членот 9 од Уставот каде што е наведено дека сите граѓани се еднакви пред Уставот и законот, а членот 8 од Уставот пропишува дека темелни вредности на уставниот поредок се владеењето на правото и основните човекови права. Доколку уставните судии ја прифатат инцијативата на Дуковски, тогаш за неа треба и да гласаат.

Амнестијата не ги опфати осудените за убиство, за кривични дела против изборите и гласањето, за силување, педофилија, посредување во вршење проституција, потоа за кривични дела против државата, за злосторничко здружување, како и за кривичните дела против човечноста и меѓународното право. Според Законот, амнестијата не важи и за лицата кои ги сториле делата по 20 септември 2017 година.

Од Министерството за правда тврдеа дека со амнестијата ќе се овозможи ресоцијализација и социјална реадаптација на осудените лица.

Спонзорирано: