16.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Скопје плаче – Се удави 13 годишно девојче

Тринаесетгодишно поладнево се удавило во општина Илинден, во ископ исполнет со вода каде што се градел објект.

Според информациите трагедијата се случила на улица бр. 2 во месноста Бигла во населбата Илинден. Случајот бил пријавен во 14.40 часот.

Екипа на противпожарната единица на Град Скопје се упатила кон градилиштето, но во меѓувреме жителите го извадиле телото на девојчето кое, најверојатно при игра, паднало во водата и се удавило. Лекарската екипа констатирала смрт.

Неофицијално се дознава дека 13-годишното девојче влегло во ископот со вода за да го извлече братчето и друго дете кои паднале во дупката, по што следувала трагедијата.

Спонзорирано: