5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Силно невреме во Македонија

Времето утре ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне услови за локален пороен дожд и грмежи, особено во источните делови.

 

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ=8 Минималната температура од 12 до 19, а максималната од 27 до 33 степени.

Во Скопје сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност и со услови локално и во Скопската котлина да има појава на краткотарен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температура 18 / 32 степени.

До петок ќе преовладува сончево и топло време. Во петок во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено на исток и во планинските предели. За време на викендот на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурата за неколку степени.

Спонзорирано: