12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шеќеринска соопшти одлична вест за Македонија: Овој потег ги сруши сите прес конференции на опозицијата

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска изјави дека Република Македонија следната недела ќе ја добие поканата за членство во НАТО, а за неколку месеци ќе почне процесот за ратификување на протоколите.

Шекеринска истакна дека на денешната владина седница бил усвоен Стратегискиот одбранбен преглед, со кој, како што рече таа, се дефинира одбраната и нејзиниот развој и агендата во сферата на одбраната, за Мaкедонија да добие одбрана согласно стандардите на НАТО.

Вицепремиерката исто така нагласи дека нема да се градат бегалски кампови во земјава и дека никој досега не побарал такво нешто од Македонија.

„Без разлика на шпекулациите и лажните вести кои се ширеа во Македонија најодговорно можам да кажам дека на ниту еден од состаноците со претставници на ЕУ и НАТО, никој не го споменал прашањето за справување со миграцијата“ рече Шекеринска.

Спонзорирано: