17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ вечерва со моќна порака до ВМРО ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја лаже јавноста и покрај тоа што Договорот кој става крај на 25 годишниот спор со Грција го зајакнува македонскиот идентитет и го потврдува историскиот континуитет на државата, обвини СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ се конфузни и контрадикторни. Постигнатиот конечен Договор е јасен: придавката македонски е официјално утврдена. Македонец, Македонка, македонски јазик, македонска историја, македонско сонце, македонска традиција со Договорот се потврдени и зајакнати еднаш засекогаш и никој повеќе нема да може да ги негира или оспорува.
Тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ повтoрно лаже! Сите термини што денеска ги користеше опозициската партија и понатаму ќе бидат ословувани како македонски“ соопшти СДСМ.

Како што велат од владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ очигледно не може да ја напушти старата матрица и затоа секојдневно шири лажни вести.

„Му се допаѓало тоа или не на ВМРО-ДПМНЕ, Договорот е партиотски чин што ја обезбедува европската иднина на државата и го зајакнува идентитетот. И покрај сите обиди, ВМРО-ДПМНЕ нема да ја врати Македонија во времето на изолација, назадување и поделби, граѓаните на референдум ќе одберат напредок и ќе кажат ДА за македонската иднина“ порачаа од СДСМ.

Спонзорирано: