20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ сподели прекрасни вести со јавноста

Гаранција за млади, пилот-проектот на Владата предводена од СДСМ , покажува одлични резултати. За само три месеци од неговото спроведување се вработиле 419 лица, 196 почнале да посетуваат обука, а 160 почнале пракса во некоја компанија, соопшти СДСМ.

„Во проектот што се спроведува во три општини, Струмица, Гостивар и Скопје, досега се вклучени 1 532 лица на возраст до 29 години кои се невработени и непријавени во АВРМ. Целта на оваа мерка е младите да добиваат квалитетна понуда за вработување, натамошно образование, стажирање или практикантство. Сите овие се клучни за успешното интегрирање на младите во пазарот на трудот и намалување на одливот на образован кадар од земјата“, се вели во соопштението.

Според партијата, гаранција за млади е активна мерка за вработување на млади лица која се спроведува во државите од Европската Унија. Но, иако нашата земја сè уште не е членка на ЕУ, Владата почна со воведување на Гаранција за млади и следење на европските младински политики со цел отворање на можностите за младите во Македонија. Водејќи се од овие резултати, Владата предводена од СДСМ е подготвена од следната година да ја спроведе Гаранција за млади како активна мерка за вработување, обука, тренинг и пракса на младите на цела територија.

Спонзорирано: