20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Работна посета на Димитров на Стразбур

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, престојува во работна посета на Европскиот парламент, кој оваа недела заседава во Стразбур, Франција.

Во рамки на посетата тој оствари средби со лидери и претставници на пратеничките групи во Парламентот: Ги Верхофштад – претседател на АЛДЕ, Рајнхард Бутикофер, претседател на Европската зелена партија, претседавачот со групата на Пријатели на Македонија – Ханс ван Бален,

со претседавачот со Комисијата за надворешни работи (АФЕТ) – Дејвид МекАлистер од Европската Народна Партија, со потпретседателот на Европскиот парламент – Андреј Ковачев исто така од ЕПП, со Сергеј Станишев – претседател на Партијата на европските социјалисти и со неговиот сопартиец Кнут Флекенштајн, како и со Чарлс Танок од групата Европски конзервативци и реформатори.

На состанокот со евро-пратениците, министерот Димитров разговараше за актуелните случувања по заклучоците на Европскиот совет минатата недела, во контекст на натамошните фази од ЕУ интегративниот процес на Република Македонија.

„Фактот што Бугарија и Грција така силно се заложија за европската иднина на Република Македонија, всушност значи дека во нашиот регион успеавме да го создадеме она за кое говореше Шуман: Европа нема да се изгради одеднаш или според еден единствен план, туку преку конкретни постигнувања, кои најпрво ќе креираат фактичка солидарност“ изјави Димитров.

Министерот учествуваше и на состанокот на ALDE политичката група, а имаше засебни средби и со Иво Вајгл, известувач за Република Македонија во Европскиот парламент, со Тања Фајон од Партијата на европските социјалисти, како и работен ручек со евро-пратеникот Арно Данжан, од Европската Народна партија.

На крај од посетата, Димитров имаше работна вечера со неколку евро-парламентарци, во организација на холандскиот европратеник Ханс ван Бален.

Спонзорирано: