11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Аеродром во Шведска ги советува девојките да стават лажица во долниот веш, а еве и зошто

Од аеродромот во шведскиот град Гетеборг ги советуваат младите девојки во долниот веш да стават лажица ако се присилени да ја напуштат земјата поради договорени бракови.

„Поради лажицата ќе се огласат детекторите за метал додека девојките ја поминуваат безбедносната проверка. Девојките потоа ќе бидат одведени на страна каде ќе можат да зборуваат со персоналот во аеродромот. Тоа е последната прилика да им помогнеме на девојките“, рекла Катерина Идегард.

Вели и дека минатата година на национално ниво примиле 139 пријави за присилен брак преку телефонска линија отворена за такви пријави.

Идејата ја преземале од британската иницијатива Карма Нирвана од која тврдат дека така веќе спасиле девојки од присилни бракови.

Спонзорирано: