4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Шанса за работа: Германија бара повеќе од милион работници, со и без работно искуство

На Германија и фалат стручњаци бидејќи поради недостаток на квалификувана работна сила, германската економија губи околу 30 милијарди евра.

Работа има, но нема работници, и тоа е голем проблем на кој укажуваат сè повеќе германски фирми. На Германија моментално и недостигаат 440.000 високвалификувани работници, пишува Дојче Веле.

Само во електроиндустријата има недостиг од 50.000 инжинери, во ИТ секторот околу 55.000 стручњаци, додека во градежната индустрија распишани се околу 11.000 конкурси за работа – 50 отсто повеќе отколку година дена порано.

Во меѓувреме дури 60 отсто од германските фирми истакнуваат дека недостатокот на квалификувана работна сила им е најголем проблем. Секоја петта фирма затоа бара млади таленти во други региони, интензивно соработува со образовните установи и работи на преквалификација на сопствените работници.

Целта на германската влада е полна вработеност, и тоа веќе од 2025. Според некои прогнози, на Германија до 2030 година би можеле да и недостасуваат повеќе од 3 милиони квалификувани работници.

Моментално слободни се преку милион работни места – но има и исто толку долгорочно невработени.