6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ упати сериозна порака до Христијан Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски, треба да докаже на дело дали навистина се за членство на Македонија во ЕУ и НАТО, реагираат денеска од СДСМ на изјавата на претседателот на опозициската партија.
Оттаму, исто така, го потсетуваат Мицкоски, дека одбраната на криминалот на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ не оди со патот за членство во ЕУ и НАТО.
„Македонија тргна напред, граби по нејзиниот пат кон ЕУ и НАТО кој точно е определен. Нема друг пат за членство во ЕУ и НАТО, за македонската иднина. На другата страна е враќањето назад во темното минато на криминалот и корупцијата што 11 години ја уназадуваше Македонија и ја оддалечуваше од демократскиот и развиениот западен свет“, се наведува во партиското соопштение.
Од СДСМ нагласуваат дека Македонија ќе добие покана за полноправно членство во НАТО на следниот самит на Алијансата.
„По добивањето датум за преговори со Европската унија, ова е уште еден историски успех за сите наши граѓани. Македонија чекори напред кон полноправно членство во НАТО и ЕУ со што се исполнуваат клучните стратешки национални интереси на земјава и на сите нејзини граѓани. Успехот на Македонија е признаен, препознаен и вреднуван од целиот демократски свет, од ЕУ, од НАТО“, велат од владејачката партија.
Оттаму додаваат и дека со ова се потврдува оти Договорот со кој се решава 25 годишниот спор со Грција е патриотски чин бидејќи го зајакнува и гарантира македонскиот идентитет и јазик и ги отвора вратите за влез во ЕУ и НАТО.
„Ако Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ навистина се за членство на Македонија во ЕУ и НАТО тогаш ќе го поддржат Договорот кој ја обезбедува македонската иднина. Декларативните, празни зборови на Мицкоски немаат никакво значење без конкретен чекор. Во спритивно, остануваат сомнежите дека Мицкоски останува на траекторијата на Никола Груевски “, се наведува во соопштението на СДСМ.
Спонзорирано: