14.8 C
Скопје
17. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Путин на 1 ноември во посета на Србија

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Србија на 1 ноември, на денот на ослободувањето на Белград во Првата светска војна 1018 година, пишува белградскиот весник „Вечерње новости“.  Според весникот, по повод 100-годишнината од завршувањето на војната ќе биде организирана голема воена парада, на која ќе присуствува и Путин.
Во текстот се наведува дека во Србија тогаш би можела да пристигне и руска донација од 30 модернизирани борбени возила BRDM-2 и исто толку современи тенкови T-72, чија испорака е договорена во 2016 година во рамките на воено-техничката соработка меѓу двете земји.
Претходно, српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, објави дека оваа есен во Србија ќе пристигне рускиот претседател Владимир Путин. „Претседателот Владимир Путин ќе ја посети Србија на есен. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, со кого вчера одржав разговор, ми кажа дека го планираат ова”, рекол Дачиќ.
Тој додал дека неговиот руски колега изјавил дека ако форматот на бриселскиот дијалог со Косово биде проширен неговата земја е подготвена да учествува. Дачиќ кажал дека го запознал Лавров со последниот развој на дијалогот меѓу Белград и Приштина и дека тој засега нема да се менува, но и дека преговорите со Приштина ќе се интензивираат. Дачиќ рекол дека Русија е подготвена да учествува во косовското прашање ако формата е проширена.
Спонзорирано: