10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицковски предмалку со неочекуван потег: Ова е ставот на новиот лидер на ДПМНЕ во врска со НАТО

Oпозицијата цврсто чекори кон патот на евро-атлантските интеграции на Република Македонија, но доколку некој очекува од опозицијата да застане рамо до рамо со овие кои што ја потпишаа оваа капитулација, тогаш во најмала рака е премногу претенциозно да се очекува такво нешто од страна на опозицијата.
Опозицијата го поддржува евро-атлантскиот пат на Република Македонија од самото нејзино формирање како политичка субјект ВМРО-ДПМНЕ е на таа траекторија и нема отстапување од таа траекторија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оддговарајќи на новинарско прашање да го коментира повикот на  вицепремиерот Бујар Османи упатен до опозицијата да се изјасни на која страна ќе дојде од евроинтегративниот процес.
„Но, истовремено опозицијата е свесна дека во услови кога целата македонска јавност и меѓународна заедница гледа како премиерот бара мито од повеќе 100-тици илјади евра, кога гледа дека Македонија е цврсто закована на дното по сите економски параметри во Европа, кога гледа дека нема реформи по ниту еден основ и во ниту една област во Република Македонија веќе повеќе од 13 месеци, тогаш на опозицијата и е јасно дека и покрај ова капитулантско дело евро-атлантска иднина за Република Македонија нема.
Најмалку што треба сите оние министри кои што се занимаваат со евро-атлантските интегративни процеси на Република Македонија поради ова фијаско што го направија на дипломатски план да си поднесат од морален чин оставка веднаш“, додаде Мицкоски.
Спонзорирано: