4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Масовна тепачка во Скопје – користен и солзавец

Во текот на вчерашниот ден околу 19:45 часот во кругот на Центарот за бездомници Чичино Село, во село Грчец како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи бил нарушен јавниот ред и мир.
Како што информираат од МВР таму имало меѓусебна тепачка помеѓу лицата Ф.И.(62), Р.Р., Ф.Р.(34),Ф.Ш.(29) и едно 17 годишно лице сите од една страна и З.С.(58) од другата страна, сите од Скопје со привремен престој во Чичино Село.
Лицата најпрвин си нанеле неколку меѓусебни удари по што З.С. со спреј-солзавец ги испрскал по лицето и очите.
По преземени мерки направени се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.