13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Ликвидација во Албанија: Возачот на министерот за внатрешни работи пронајден мртов

Возачот на албанскиот министер за внатрешни работи денес е пронајден мртов во Тирана, соопшти полицијата.

31-годишникот е пронајден мртов во своето возило во утринските часови со прострелна рана на главата.

Полицијата наведува дека се пронајдени и две чаури во гаражата на Националната гарда во центарот на Тирана.

Албанскиот министер за внатрешни работи Фатмир Џафај изразил жалење поради смртта на возачот за кој рекол дека бил „исклучителен работник“ и дека го сметал за дел од семејството.

Џафај апелирал медиумите да ја „почитуваат болката на неговите родители, браќа и роднини“, пренесоа агенциите.

Колегите на возачот рекле дека не забележале дека имал некои проблеми.

Спонзорирано: