11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
НАПРАВИ САМ

Еве како да се решите од досадните комарци

Најдобар начин за заштита од комарци околу куќата е отстранување на водата од сите предмети во кои може да се задржи, бидејќи комарците се собираат дури и околу мали водени површини. Водата не смее да стои подолго од седум дена.

Секоја застоена вода која не пресушува во рок од десет дена ќе стане совршено живеалиште за легло на комарци. И кога ќе дојде до тоа, тогаш ќе имате проблем.

Бидејќи, комарците не се само иритантни инсекти, туку и потенцијални преносители на заразни болести. Затоа најдобро е да поставите мрежи на прозорите и вратите, а еве што уште можете да направите:

На места каде што има голем број комарци носете облека во светли бои. Дворот и вашата околина треба да бидат чисти, не оставајте остатоци од храна околу куќата. Искосете ја треваа во дворот, одржувајте ги балконите. Одлично ќе биде и ако посадите лаванда, бидејќи таа ги брка комарците.

Спонзорирано: