7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

„ТЕ-ТО“ ни должи 28 милиони евра, а ни бара стечај за 1,1 милион, тврди „Топлификација“

Барањето за стечај на „Топлификација“ АД го поднела офшор-фирмата „Битар холдингс лимитед“, која е 89,2% сопственик на „ТЕ-ТО“ АД, за побарување кон „Топлификација“ АД од околу 1,1 милион евра, соопшти претпријатието во известување до јавноста.

„Во овој момент ‘ТЕ-ТО’ АД, по сопствено признание дадено во Програмата за сопствена реорганизација приложена за стечајот кој ‘ТЕ-ТО’ АД си го бара сам на себе, е должен на ‘Топлификација’ АД над 28 милиони евра. Од тоа 11,4 милиони евра по извршна судска пресуда донесена од Врховниот суд на РМ“, пишува во соопштението од „Топлификација’, од каде што додаваат дека во истата Програма за реорганизација директорот на „ТЕ-ТО“ АД бара отпис на долгови кон „Топлификација“ АД од околу 26 милиони евра за да се спасила фирмата од банкротство.

Претпријатието е подготвено веднаш да го плати долгот кон „Битар холдингс лимитед“ доколку „ТЕ-ТО“ АД ја исполни својата обврска кон „Топлификација“ АД по пресудата на Врховниот суд.

Спонзорирано: