12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Студент по теологија го удрила струја додека правел селфи качен на воз

Романските власти соопштија дека 21-годишен маж бил примен во болница, кога се качил на воз за да направи селфи и во таа прилика го удрила струја.

Портпаролката на полицијата, Елена Велтер изјави дека се работи за студент по теологија, кој се качил врз паркирана локомотива на која се обидел да направи селфи, меѓутоа ја допрел жицата над главата и струјата го исфрлила на земја.

Тој е пренесен во најблиската болница со сериозни изгореници и повреди на главата, а увидот на полицијата е во тек.

Лани, 16 годишно момче загина во Романија додека се фотографираше качено на воз.

Спонзорирано: