11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Потребно е итно чистење на Дојранското Езеро

Државниот секретар од Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска, одржа работна средба со градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов.

Од прес-службата на Министерството соопштија дека како врвен приоритет на средбата, Петровска го посочила чистењето на каналот за истекување на езерото од грчката страна.

„МЖСПП ќе иницира, во соработка со МНР, соработка со грчките власти за да се спроведе чистењето во најбрз можен рок. Со чистењето ќе се влијае на подобрување на квалитетот на водата и ќе се превенираат штетите од поплави, кои во моментот ги руинираат плажите и ја срушија патеката околу езерото“, велат од Министерството за животна средина.

За време на средбата било констатирано дека општина Дојран презема бројни активности со цел подобрување на квалитетот на водата на Езерото. Општината, во рамки на состанокот, ги презентирала приоритетните проекти за кои се уште не е обезбедено финансирање и побарала помош од МЖСПП.

Спонзорирано: