9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Oхриѓанец ја нападнал невенчаната сопруга, ја влечел за коса, па избегал

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против дваесет и шестгодишниот А.Д. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста”.

СВР Охрид соопшти дека тој ја нападнал својата невенчана сопруга на плоштадот во центарот на градот.

„Движејќи се зад невенчаната сопруга ѝ упатувал сериозни закани по нејзиниот живот, предизвикувајќи ѝ чувство на страв, вознемиреност и несигурност. Во еден момент сега пријавениот А.Д. почнал и да ја влече за коса по што избегал од местото на настанот“, се вели во соопштението.

Спонзорирано: