13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицковски се огласи: Ова е потегот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ откако се дозна дека Македонија станува 30-та членка на НАТО

Македонија критериумите за членство во НАТО ги исполни уште со Букурешкиот самит во 2008-ма година, напиша во објава на својот фејсбук профил, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешната средба на премиерот Заев со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, после која премиерот истакна дека Македонија ја очекува официјалната покана на претстојниот НАТО-самит.
Сепак, претседателот на опозициската партија смета дека билатералниот спор за името со Грција и натаму е реален проблем.
„Овој спор ние сакаме да се надмине и тука никогаш не сме се разликувале од било кој посериозен политички субјект. Но, она по што се разликуваме е начинот на кој тој се решава и цената што Македонија ја плаќа за тоа. Зоран Заев со овој договор прави неповратна штета за државата, атакувајќи врз достоинството и идентитетот на нашиот народ“, пишува Мицкоски во својата објава.
Покрај тоа, тој се осврнува и на една, како што вели, значајна заблуда која власта ја потхранува и шири, а таа е дека сето ова ќе донесе подобар живот.
„Подобриот живот е работа исклучиво на работа, труд, програма и постојаност каква владата до сега не покажа. А нема ниту да покаже бидејќи во изминатата една година докажа дека не умеат да работат и да го направат животот подобар. Не може да очекувате европски стандарди, а фирмите на власта да се оние кои редовно добиваат државни тендери, не може да очекувате дека ќе добиете датум за преговори, а државата е прогласена за најкорумпирана во Европа. Членството во овие организации е работа на мерит систем, односно се вреднува сработеното, а не она што е продадено или поклонето“, нагласува Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додава и дека членството во НАТО не е волшебното стапче што ќе ја крене просечната плата која се уште е далеку под ветените 500 евра.
„Тоа нема да направи да се крене економијата од досега најниските 0,1 осто, ниту да го реши проблемот со корупцијата и криминалот кој извира од власта. Исклучиво сето ова може да се подобри само преку работа и посветеност“.
Мицкоски истакнува дека во периодот што следи ќе бидат актуелни разно разни дебати на други теми освен оние кои се суштински важни за граѓаните, борба на економски идеи и размисли.
„Гледаме како Талат Џафери со неподнослива леснотија вели ќе го објавел договорот со Грција и договорот за двојазичност без потпис од Претседателот, што предупредувам преставува ново кривично дело, чија одговорност брзо не застарува и ќе дојде ден, доколку се случи таков чекор, одговорноста за ова и многу други работи да биде покрената“, предупреди претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во својата објава на фејсбук.
Инаку, на денешната средба меѓу премиерот Заев и Столтенберг во Брисел, генералниот секретар на НАТО, изрази очекување дека лидерите на земјите членки ќе ја поканат Македонија да ги почне разговорите за членство во Алијансата, но потенцираше дека земјата ќе стане официјална членка откако ќе се завршат сите обврски за договорот за името.
Спонзорирано: