12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Матис: Сојузот САД-Јапонија е камен-темелник на регионалната стабилност

Сојузот меѓу САД и Јапонија е клучен за мирот во Индо-пацифичкиот Регион, изјави министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис.

Тој вети дека САД нема да попуштат во однос на Северна Кореја во Азија, откако Трамп објави крај на заедничките воени вежби со Јужна Кореја.

„Одлуката за стопирање на вежбите е донесена за да се овозможат преговори и да се зголемат шансите за постигнување мирно решение на Корејскиот Полуостров, но притоа да не ослабне американската позиција во Азија“, изјави шефот на Пентагон.

Матис се наоѓа во Токио како дел од неговата турнеја низ регионот. Претходните денови тој беше во официјална посета на Кина.

Спонзорирано: