11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

„Фолксваген“ испиша историја: Електричниот I.D.R го сруши рекордот на Pikes Peak

Легендарната трка Pikes Peak Hill Climb се одржува уште од далечната 1916 година, а „Фолксваген“ се впиша во нејзината богата историја. Патеката која важи за вистински предизвик за сите љубители на автомобилизмот е долга 20 километри, а возачите од 2000 метри висина се искачуваат до целта на висина од 4 300 метри.

„Фолксваген“ во октомври минатата година соопшти дека развива електричен тркачки автомобил под името I.D. R Peaks Peak и истакна дека се надева дека ќе постави нов рекорд. Автомобилот беше претставен во март, а сега ја исполни својата цел која ги воодушеви автомобилските фанатици. Зад управувачот се најде Ромаин Думас, кој патеката ја помина за помалку од осум минути, поточно неговото време изнесуваше 7:57:148.

Електричните автомобили се одлични на Pikes Peak, немаат проблем со висината и пореткиот воздух за разлика од автомобилите кои користат фосилни горива. Одличниот автомобил на „Фолксваген“го сруши севкупниот рекорд што го постави неколкукратниот рели шампион Себастијан Лоеб со „пежо“ 208 T16 во 2013, кој измесуваше 8:13:878. Тоа е цели 16 секунди подобро време на Думас со „фолксваген“ I.D. R Pikers Peak. Легендарната трка која постои повеќе од 100 години и има 156 свијоци е предизвик за секој производител на автомобили поради големата репутација. Со овој рекорд „Фолксваген“ само ја покажува насоката во која ќе се движи технологијата во иднина. Целта е да се биде што побрз, а да се направи што помалку штета врз средината во којашто живееме.

„Неверојатно. Имавме големи очекувања но знаевме дека I.D. R Peaks Peak на ‘Фолксваген’ е автомобил создаден за рушење рекорди. Сè беше совршено, од технологијата до возачот. Исто така и времето имаше голема улога во сето ова. Сè уште не можам да верувам дека ‘Фолксваген’ и моето име се запишани со златни букви во историјата на оваа легендарна патека“, изјави Ромаин Думас.

„Ова е фантастичен ден за ‘Фолксваген’ и ние сме многу горди. I.D. R Peaks Peak е најиновативен, но и комплексен автомобил некогаш развиен од ‘Фолксваген мотоспорт’. Благодарам на сите што работеа на овој историски проект и покажаа неверојатен тимски дух“, додаде Свен Смитс, директор на „Фолксваген мотоспорт“.

Спонзорирано: