11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Фирма ќерка и група доверители побараа стечај за „Топлификација“ АД Скопје

Во Основниот суд Скопје 2 Скопје одржано е рочиште по однос на поведена постапка за стечај на „Топлификација„ АД поради неплатен долг кон доверителот „Битар холдингс лимитед“. До закажаното рочиште за разгледување на условите за отворање стечај, „Топлификација“ АД не успеа да го намири овој долг.
Дополнително, на рочиштето било утврдено дека во меѓувреме доставени се и нови барања за стечај на „Топлификација“ АД од поголема група доверители помеѓу кои и „Топлификација – одржување“, компанија ќерка на „Топлификација“ АД Скопје.

Со тоа вкупните побарувања на подносителите на стечај на „Топлификација“ АД надминаа 1,5 милиони евра.
Следното рочиште за разгледување на условите за отворање стечај на „Топлифиакција“ АД судот го закажа за 6 септември 2018 година.

Неодамна судот, постапувајќи по тужбеното барање за наплата на побарување во висина од 1,3 милиони евра од компанијата „Битер холдингс лимитед“, отвори претходна постапка за утврдување на условите за стечај над „Топлификација“ АД Скопје. Беше назначен и привремен стечаен управник кој судот го задолжи да го заштити имотот на „Топлфикација“ АД до донесувањето на конечната одлука за стечај, за да се избегне значително намалување на имотот, како и да се утврди начинот на кој може да се обесштетат доверителите.

Спонзорирано: