4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција: Полиција изврши претрес во просториите на опозициски портал

Полицијата во Турција изврши претрес во канцеларијата на опозицискиот информативен портал Сендика во Истанбул. Претресот е извршен по спроведените апсења на поддржувачи на кандидатот на главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), Мухарем Инџе на неодамнешните претседателски избори.

За време на претресот во просториите немало новинари. Претресот е извршен во рамки на истрагата која се води против главниот уредник Али Ергин Демирхан. Тој првпат беше уапсен во април под обвинение дека не ги признава резултатите од референдумот за воведување на претседателскиот систем во Турција, а потоа и во мај поради објавување текст со наслов „Ние можеме да ја запреме диктатурата“.

Во меѓувреме, пет лица се уапсени во Измир поради „навреда на државници“, а претходно биле притворени други седум лица, кои, како што се тврди, го прекориле турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган по митингот на Инџе на 21 јуни.