7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Јапонски слжбеник порано одел на пауза, фирмата свикала прес (Видео)

Службеник во канцеларијата за водовод во јапонскиот град Кобе е казнет бидејќи три минути пред предвиденото време отишол на пауза.

Неговите надредени поради тоа свикале и прес-конференција на која однесувањето на работникот го опишале како жално и се извиниле поради целокупната ситуација.

Покрај тоа, откриле дека дотичниот 64-годишник истата грешка ја направил 26 пати во седум месеци, пишува Јапан Инсајд.

„Паузата за ручек во нашата фирма започнува точно на пладне и трае до 13 часот. Нашиот вработен згрешил бидејќи го напуштал работното место неколку минути порано, со што ги прекршил интерните правила на фирмата“, рекол портпаролот на компанијата.

„Жал ни е што дошло до вакво кршење на правилата за однесување“, порачале од компанијата на прес конференција.

Спонзорирано: