7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Брзо тесто: Вкусни кифли, пирошки или крофни готови за миг

Многумина обожаваат слатки или солени јадења направени од разно тесто. Еве еден супер рецепт за тесто од кое можете да направите што и да посакате.

Состојки: 4 шолји од 2 дл брашно, 2 лажици шеќер, 1/2 лажица сол, 2 лажици сончогледово масло, 500 мл млеко, 1 кесичка сув квасец (11 гр)

Начин на подготовка: Подготовката на ова тесто е и повеќе од едноставна. За почеток, потребно е сите состојки да ги споите во хомогена смеса. Така направената смеса се става во кеса и мирува во фрижидер два часа. Потоа тестото извадете го од фрижидер и лесно извалкајте го во брашно.

Од тоа можете да правите пирошки, лепињи или кифли. Можете да ги печете на тава или во врело масло, но и во рерна во добро намастен плех за печење.

Добар апетит!

Спонзорирано: