14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Директор на ЈКП „Козјак“ овозможил жители на Старо Нагоричане нелегално да се приклучат на вода

Директор на јавното комунално претпријатие „Козјак“ во Старо Нагоричане овозможил на 49 жители на Старо Нагоричане нелегално да се приклучат и да ја користат водата за пиење и наводнување, без да склучат договори за приклучок.

Против него е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување. Според информациите на МВР, Б.С. (52) од Куманово во периодот од 2012 година до јануари 2018 година овозможил на 49 жители на Старо Нагоричане нелегално да се приклучат и да ја користат водата за пиење и наводнување, без да склучат договори за приклучок.

Дел од корисниците плаќале само такса, додека поголемиот дел од корисниците воопшто не ја плаќале таксата. Притоа, долгот застарел, со што пријавениот му нанел штета од 375.192 денари на ЈКП „Козјак“, додека поради ненаплатен надомест за потрошена вода и ангажирана електрична енергија за транспорт на истата, истиот го задолжил ЈКП „Козјак“ за 7.997.693 денари кон ЕВН Македонија.

Спонзорирано: