23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нова рунда од дијалогот Вучиќ-Тачи во Брисел

Косовскиот и српскиот претседател, Хашим Тачи и Александар Вучиќ ќе се состанат во Брисел каде ќе биде продолжен дијалогот меѓу Белград и Приштина на високо ниво. Тачи и Вучиќ на новата рунда од дијалогот за нормализација на односите Белград-Приштина доаѓаат на покана од европската претставничка за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

По билатералните средби со шефицата на дипломатијата на ЕУ, предвиден е трилатерален состанок. Според планот, состанокот на претседателите со Могерини треба да се одржи околу 15 часот, по што треба да се одржи заеднички состанок со делегацијата на Приштина. На средбата ќе стане збор за договорот за сеопфатна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

Спонзорирано: