9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вечерва избегнувајте движење со автомобил низ Центар, особено кај Собранието: Полицијата излезе со важна информација за скопјани

Министерството за внатрешни работи Ве известува дека утре 23.06.2018 година (сабота) со почеток во 10,00 часот заради поставување на бина пред Собранието на Република Македонија, а по повод одржување на протест организиран од група граѓани „Млади за Македонија“ , Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе изврши пренасочување на сообраќајот на следните улици и тоа: крстосница Даме Груев – Васил Главинов во правец кон „Црвен крст“ и обратно од крстосница „11 Октомври – Кочо Рацин“.

Министерството за внатрешни работи го почитува правото на слободно и јавно изразување на мислата, но истовремено апелира граѓаните да се воздржат од преземање на насилни активности за да се сочува јавниот ред и мир.

Протестот за одбрана на името на државата е предвидено да почне во 20 часот пред Собранието на Република Македонија. Веќе е поставена бина за говорниците на тротоарот во паркот „Жена – Борец“.

Спонзорирано: