4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Судот го ослободи кучето Медо по три години, сега може слободно да лае

Кучето Медо кое помина три години во куќен притвор поради лаење е ослободено со одлука на судот во Загреб. Медо е ослободен од сите обвиненија.

Во октомври 2016 година, куќето Медо од Перој беше прогласено за виновно поради лаење во општинскиот суд во Пула. Сопственикот на Медо со пресудата доби рок од 15 дена да го премести своето милениче од едниот крај на имотот на друг или пак да го затвори некаде каде што неговото лаење нема да ги вознемирува соседите. Медо помина три години во куќен притвор бидејќи судењето траеше две години.

Газадата на Медо, Антон Шимоновиќ го тужела сосетката Веселка Вукотиќ поради прегласно лаење на кучето. Медо три години бил затворен во летната кујна, а ослободен е откако неговиот сопственик се жалел на одлуката на судот.