3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се уништуваат четири локации за нуклеарни тестирања во Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е започнато уништувањето на четири големи локации за вршење нуклеарни тестирања во Северна Кореја.

„Тие престанаа да тестираат ракети, вклучително и балистички. Тие го уништуваат нивниот полигон за тестирање на ракетни мотори. Ќе го кренат во воздух. Веќе разнесоа едно од своите големи места за тестирање, всушност тоа се четири големи места за тестирање. И голема работа е фактот што тоа ќе биде потполна денуклеаризација која веќе почна да се одвива“, изјави Трамп во Белата куќа.