12.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Иванов со одбивањето на алатката за отчетност како да сака да скрие нешто од граѓаните

Целокупното делување на Ѓорге Иванов е во спротивност на интересите на граѓаните и државата, реагираат од владејачката СДСМ, откако денеска претседателот Иванов преку својот кабинет соопшти дека нема потреба од владината алатка за транспарентност и отчетност, со образложение дека во државата веќе постојат ефикасни механизми за отчетност.

„По ваквиот потег, логично се наметнува прашањето што Иванов крие од граѓаните? Граѓаните заслужуваат да имаат увид во трошењето на нивните пари од страна на избрани и именувани функционери“, се наведува во партиското соопштение.

Од СДСМ додаваат дека Владата преку алатката за транспарентно, отчетно и одговорно владеење и преку други механизми ќе продолжи со спроведување на заложбите за целосно и навремено информирање на граѓаните за трошењето на нивните пари.

Спонзорирано: