7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел и италијанскиот премиер го надминаа недоразбирањето околу мигрантите

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, изјави дека германската канцеларка, Ангела Меркел, му рекла оти дошло до недоразбирање во врска со нацрт-изјавата на ЕУ за имиграцијата.

Тој најави дека нацртот ќе биде повлечен.

Конте се закани дека нема да присуствува на собирот на европските лидери во Брисел, најавен за недела, во знак на протест против нацрт-изјавата која, меѓу другото, повикува на итно враќање на барателите на азил во земјите од ЕУ во кои најпрво пристигнале, а тоа во најчесто е Италија, пренесува „Ројтерс“.

„Само што добив повик од канцеларката Ангела Меркел, која беше загрижена во врска со можноста дека јас нема да присуствувам на самитот за имиграција кој во недела треба да се одржи во Брисел“, напиша Конте на својот фејсбук профил.

Италијанскиот премиер нагласи дека тој не може да го прифати нацртот каков што е.

„Канцеларката јасно стави до знаење дека имало недоразбирање. Нацрт-текстот, кој беше објавен вчера, ќе биде одложен“, додава Конте.

Тој, исто така, потврди дека сега е подготвен да отпатува за самитот во Брисел.

Во нацртот од заедничка изјава, до кој агенцијата „Ројтерс“ имала пристап, се наведува дека лидерите на земјите членки на ЕУ, кои се први на удар на нелегалната миграција, се обврзале дека во недела (24 јуни) ќе вложат напори за да се изнајде решение за намалување на бројот на мигранти кои доаѓаат во Европа и за ограничување на движењето на барателите на азил.

Спонзорирано: