23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Меј: Договорот за името ќе донесе енормни придобивки за двете земји

Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, денеска му испрати писмена честитка на премиерот Зоран Заев за постигнатиот договор со Грција и неговата ратификација во Собранието.

„Вакво значајно постигнување не би било возможно без политичката храброст, визија и лидерство, какви што двајцата покажавте. Како што претходно разговаравме во Скопје, решавањето на ова прашање ќе донесе енормни придобивки за двете држави, како и за поширокиот регион“, стои во писмото од премиерката Тереза Меј.

Таа во своето писмо додава и дека конечно по 25-годишниот спор, желбите на огромно мнозинство граѓани, кои сакаат да ја видат својата земја како членка на НАТО и ЕУ, ќе ги отвори вратите за овие аспирации.

„Како долгогодишен пријател, Обединетото Кралство ќе продолжи да ја поддржува Македонија во патот на пристапувањето кон членството во евро-атлантскиот сојуз, како и во мирот и просперитетот, што овие аспирации, како и другите реформи, ќе го донесат за Вашата земја и за регионот како целина“, се истакнува во писмото на премиерката Меј.

Во него Меј наведува дека се радува на претстојната средба со премиерот Заев и со другите премиери од регионот на самитот за Западен Балкан, кој ќе се одржи следниот месец во Лондон.

Спонзорирано: