19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лидерот на владејачката партија во Романија осуден на три и пол години затвор

Романскиот Врховен суд го осуди лидерот на Социјалдемократската партија, Ливиу Драгнеа, на три и пол години затвор поради злоупотреба на власта.

Драгнеа, кој се смета за најмоќна политичка фигура во земјата, се очекува да поднесе жалба против пресудата, објави „Ројтерс“.

Драгнеа, кој исто така е претседател на Долниот дом на парламентот, беше прогласен за виновен затоа што на платен список во државна агенција држел две жени во периодот од 2006 до 2013 година, иако тие биле враборени и во неговата партија, објаснува „Ројтерс“.

Драгнеа, кој во тоа време бил шеф на окружниот совет, ги негира ваквите обвинувања.

Тој исто така беше ослободен од одделното обвинение за фалсификување на интелектуална сопственост.

Спонзорирано: