21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
????????????????????????????????????
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Иванов одбегнува да ги покаже службените трошоци пред јавноста, велат од Владата

И понатаму нема одговор од претседателот, Ѓорге Иванов, на писмото од Владата со предлог да ја прифати Алатката за транспарентно, отчетно и одговорно владеење, информираат преку соопштение од владината прес-служба.

Оттаму додаваат дека во духот на определбата за транспарентност и отчетност во работењето на државните институции, Владата го повикала претседателот на државата да ги стави на увид на јавноста информациите и податоците за трошењето на парите на граѓаните.

„Во писмото испратено на 29 мај, министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, го информираше претседателот Иванов дека Алатката за транспарентно, отчетно и одговорно владеење им е достапна на сите избрани функционери кои се подготвени да ги стават во секој момент на увид на граѓаните информациите и податоците за трошењето на нивните пари. Во писмото, владата го информира претседателот Иванов, дека преку Алатката за отчетност, пред граѓаните на нашата земја досега се објавени трошоците на премиерот, на министрите и на замениците на министрите, на државните секретари и на Генералниот секретар на Владата“, се наведува во соопштението.

Од прес-службата на владата додаваат дека алатката ќе започне да се применува и од страна на локалните власти, што како што велат, добива на уште поголемо значење доколку се земе предвид фактот дека локалната власт е целосно независна во креирањето на своите политики.

„Затоа прифаќањето на оваа препорака говори за високата свест и на претставниците на локалната самоуправа за значењето на транспарентноста и отчетноста пред граѓаните и на ниво на единиците на локалната самоуправа“, стои во соопштението.

Во него се додава дека иако сите овие информации биле наведени во писмото до Канцеларијата на претседателот на државата, заедно со понуда за асистенција за користење на Алатката, ниту од Канцеларијата, ниту од претседателот Иванов, досега нема повратен одговор дали ја прифаќа или не можноста на отворен и транспарентен начин да им покаже на граѓаните како ги троши нивните пари.

Спонзорирано: