3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Холандскиот парламент даде зелено светло за пристапни преговори меѓу Македонија и ЕУ

Холандскиот парламент даде зелено светло за отворање на пристапните преговори на Македонија со Европската унија, во пресрет на самитот на ЕУ следната недела, јави албанската телевизија „Топ Ченел“.

Според истиот извор, холандските пратеници не се согласиле и Албанија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Според нив, Албанија нема доволно реформи во борбата против корупцијата и криминалот.

„Албанија не ги исполни петте приоритети утврдени во извештајот за напредок, бидејќи нема напредок во правните реформи, борбата против корупцијата или борбата против криминалот. Врз основа на овој напредок, не можеме да ги отвориме преговорите за пристап кон ЕУ. Холандската влада не треба да гласа за Европската комисија за отворање на пристапните преговори“, се вели во предлогот од холандскиот парламент.

Холандија, заедно со Франција, беше земја која првично се противеше да даде зелено светло за отворање на пристапните преговори со Македонија и Албанија пред претстојниот Самит на ЕУ, кој ќе се одржи на 25 јуни во Брисел.