3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Глушец во банкомат „изел“ 16.500 евра

Индиската полиција објави дека најмалку еден глушец на североистокот на Индија влегол во банкомат низ дупка на задната страна и почнал да јаде пари.

До моментот кога го пронашле уништил пари во вредност од околу 16.500 евра.

Мугда Јоти Маханта, полициски надзорник во градот Тинсуки, рекол дека, кога техничарите на 11 јуни дошле да го поправат расипаниот банкомат на Државната банка на Индија, во него пронашле мртов глушец и близу 1,3 милиони рупии (околу 16.500 евра) изџвакани во парчиња.

Глушецот во банкоматот влегол низ мала дупка за кабли. Се претпоставува дека од парите сакал да направи гнездо.

Фото: Твитер