5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Европа под вода: заменик-градоначалникот Роберт загина во невреме

Заменик-градоначалникот на Воломина, Роберт Маковски, загина, а 10 луѓе се повредени во големото невреме што синоќа ги зафати централните делови на Полска. Маковски загинал кога за време на бурата врз него паднала гранка од дрво. Во невремето се оштетени 300 објекти, а пожарникари интервенирале повеќе од 4.300 пати. Од утринава 74.000 семејства се без електрична енергија.

Поројниот дожд предизвика поплави и огромна материјална штета во австриската покраина Штаерска. Од силниот ветер биле искршени гранки од дрвјата, кои ги блокирале патиштата, предизвикувајќи штета на покривите од повеќе куќи во јужниот дел на покраината.

Во местото Гнас едно дрво паднало врз автомобил со четворица патници. Според полицијата, три лица се повредени и пренесени во болница. Од невремето се зафатени и другите делови на Европа.
За време на ноќта голема промена на времето пристигна и во Хрватска, која беше зафатена од дожд и значителен пад на температурите. На Истра, освен дожд, имаше и силен ветер со брзина и до 82 км/ч.

Во Ровињ силниот дожд поплави неколку подруми. На Кварнер во сила е црвено предупредување поради ветрот кој би можел да достигне 120 км/ч. Невремето во Србија пристигна рано изутрина и ги претвори белградските улици во реки. Дождот и ветрот за 20 минути предизвикаа огромна материјална штета.

Спонзорирано: