13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Трамп го потпиша указот со кој се забранува раздвојување на мигрантските семејства

Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа го потпиша указот со кој се става крај на радвојувањето на семејствата мигранти кои незаконски пристигнуваат во САД преку границата со Мексико.

„Никогаш не сум сакал семејствата да бидат раздвоени“, рекол Трамп. Тој неколку часа претходно во неочекуван пресврт објави дека ќе го потпише указот.

Американската администрација е цел на жестоки критики во светот затоа што за пет недели 2.300 деца биле одвоени од своите родители. Американските власти минатата недела соопштија дека нулта толеранцијата кон мигрантите на границата со Мексико од половината на април довела до радвојување на повеќе од 2.000 деца од родителите кои биле приведени поради нелегален влез во земјата.

Спонзорирано: